Спроведување на реформите за веродостојни избори
Реформи се од суштинско значење за веродостојни избори, предуслов за позитивната препорака и отворањето преговори со Европската унија...

Жалиме што сите партии не постигнаа консензус изутрината во Собранието околу договорот за 5-ти јуни, новиот датум за предвремените избори, пишува во соопштението на тројката европратеници Ховит, Вајгл и Кукан, во кое се дополнува дека мнозинството пратеници сепак обезбедило продолжување на реализацијата на јунско-јулскиот договор.
Неговото целосно спроведување од сите партии, како и на сите итни реформи е суштинско за веродостојни избори, предуслов за позитивната препорака и отворањето преговори со Европската унија, наведуваат европарламентарците во дописот.
„Договорот е жив, сега сите партии мора да се вклучат во подготовките за изборите, со остварување на реформите, вклучувајќи ги и медиумите“, напиша на својот профил на Твитер, еврокомесарот Хан, поздравувајќи ја одлуката на Собранието за презакажување на изборите на 5-ти јуни.
