Катастар: Секоја недвижност ќе добие своја пазарна цена

24.02.2016 13:04

Од Kатастарот очекуваат за две години да биде завршена масовната проценка. Теренската контрола ќе почне од втората половина на оваа година.

Секоја недвижност во Македонија ќе добие своја пазарна цена. Масовната проценка веќе е почната, првиот чекор со регистарот на цени е направен. Досега се регистрирани над 20 илјади трансакции на недвижности во земјава.

Од Kатастарот очекуваат за две години да биде завршена масовната проценка. Теренската контрола ќе почне од втората половина на оваа година.

Македонија црпи искуство од Шведска која е лидер во Европа, велат од Агенцијата за катастар на недвижности.