Шулц: Одлуката на Белгија за границата е нормална

24.02.2016 13:17

Властите во Брисел решиле да ја вратат контролата на границите за да спречат евентуален прилив на мигранти од Франција во Белгија ...

Одлуката на Белгија да ја врати привремената контрола на границата со Франција е „апсолутно нормална“, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц во интервјуто за Радио „Јуроп“.

Како што јавува МИА, властите во Брисел решиле да ја вратат контролата на границите за да спречат евентуален прилив на мигранти од Франција во Белгија по одлуката на француските власти да евакуираат дел од илегалниот мигрантски камп во Кале.