Русија

Путин на тест: Дали ќе ја одржи безбедноста во Сочи?

23.01.2014 15:15

Рускиот претседател Владимир Путин на тест дали ќе успее да ја одржи безбедноста за време на Олимписките игри во Сочи. Само две недели пред почетокот на Олимпијадата, терористички закани на електронската пошта на повеќе европски претставници на олимписките комитети. Од безбедносни причини, Путин реши да ја помести границата за 11 километри и да навлезе на територијата на Абхазија. 
 
„Се молам игрите да поминат без инциденти и терористички напади. Јас не сум експерт за безбедност, но верувам дека Русија ќе стори се за да ја зачува безбедноста“ изјави граѓанин. 
Грузиската влада изрази загриженост поради одлуката на Москва. 
 
„Треба да се оддели спортот од политиката. Грузиската влада реши на Олимпијадата да одат само спортистите, нема да присуствуваат претставници од власта. Ако има какви било инциденти, што е неприфатливо за нас, ние соодветно ќе одговориме“ премиер на Грузија Иракли Гарибашвили. 
 
За време на Олимпијадата,  полицијата постојано ќе патролира, а граѓаните мора со себе да носат документи за идентификација.