Почна судскиот процес против возачот кој ја прегази Фросина Цековска

24.02.2016 14:24

На сослушувањето обвинетиот тврдеше дека не е виновен и дека поминал на зелено светло на семафорот. Обвинителството пак нагласи дека Видојковиќ кобниот ден бил пијан, а тестирањето покажало повеќе од еден промил алкохол во крвта.

Во скопска единица почна судењето на Љубомир Видојковиќ кој минатиот април на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази студентката Фросина Цековска, која почина поради серизноста на повредите.

На сослушувањето обвинетиот тврдеше дека не е виновен и дека поминал на зелено светло на семафорот.  Обвинителството пак нагласи дека Видојковиќ кобниот ден бил пијан, а тестирањето покажало повеќе од еден промил алкохол во крвта.

Основното јавно обвинителство бара осудителна пресуда. На 27 годишниот скопјанец му се суди за две кривични дела, и тоа - тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување прва помош на лице повредено во сообраќајна незгода.