Медиумите да ги почитуваат професионалните стандарди и принципи
Потребено е, велат од Агенцијата, објективно и непристрасно прикажување на настаните, со еднаков третман на различниите гледишта и мислења.

Медиумите сериозно и доследно да ги почитуваат професионалните стандарди и принципи, порака од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Оттаму потсетуваат дека барањата за правичност, непристрасност и за баланс во известувањето не се однесуваат само на изборниот процес.
Потребено е, велат од Агенцијата, објективно и непристрасно прикажување на настаните, со еднаков третман на различниите гледишта и мислења.
Агенцијата ги повика сите медиуми да направат разлика меѓу деловниот, политичкиот и приватниот интерес од една и професионалното известување од друга страна.
Македонската телевизија веќе ги донесе правилата за медиумско покривање на изборните процеси со цел рамномерно политичко претставување, како и етничките и професионални принципи за медиумско покривање на изборните процеси.
Двата документа беа изработени во соработка со БИ-БИ-СИ и со релеватните домашни медиумски организации.
