Иванов: Потребно е да се стави крај на политичката криза
24.02.2016 15:04
Граѓаните не можат да бидат заложници на нечии фрустрации и на деструктивно однесување, нагласи Иванов.

Потребно е да се стави крај на политичката криза. На Македонија ѝ е потребна владата со целосен политички легитимитет и институции кои ќе можат да се справат со безбедносните предизвици кои ја очекуваат земјава- порака од претседателот на земјава, Ѓорге Иванов.
Граѓаните не можат да бидат заложници на нечии фрустрации и на деструктивно однесување, нагласи Иванов.
Македонскиот претседател предупреди дека не очекува уште поголем бран на бегалци и дека е неопходно институциите да се посветат на справување со безбедносните предизвици и да нудат решенија, а не дополнително да ги комплицираат состојбите.
