За две години проценка на сите недвижности
Секоја недвижност во Македонија ќе добие своја пазарна цена. Масовната проценка веќе е започната, првиот чекор со регистарот на цени е направен, досега се регистрирани над 20 илјади трансакции на недвижности во земјава. Од Катастар очекуваат дека за две години од сега масовната проценка да биде направена. Теренската контрола ќе почне од втората половина на оваа година. Македонија црпи искуство од Шведска која е лидер во Европа...

Катастарски службеници и волонтери почнуваат со теренска проценка на објектите во државата. Во следниве две години, за секоја недвижност во земјава ќе биде наведена проценетата пазарна цена, која за граѓаните ќе претставува ориентир.
Од Комората на проценители велат дека се подготвени, ќе ги применуваат европските стандарди.
Проектот треба да им ја олесни работата на граѓаните за купување, продажба или издавање недвижности, да им даде повеќе информации. На пример, ако се знае вредноста може да се отиде во банка и да се добие заем, врз основа на хипотека на имотот.
По теренската проценка, ќе се знае колкава е вредноста на целокупниот имот во Македонија.
Ана Јосифоска- Тодоровска
