Уставниот суд ја прифати иницијативата за измена на Законот за помилување
Судиите сметаа дека со ова законодавецот навлегол во ингеренциите на претседателот. Според тоа ќе се оценува уставноста и на одредбата претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности. Со 5 гласа „за“ и 4 „против“, помина иницијативата на адвокатот Ристо Китевски поднесена на 2-ри февруари.

Уставниот суд ја прифати иницијативата за испитување на уставноста на Законот за помилување. Уставните судии изразиле сомнеж дека Законот од 2009-та дава одредени рамки за кои криивични дела смее, а за кои не смее претседателот да помилува лица.
Судиите сметаа дека со ова законодавецот навлегол во ингеренциите на претседателот. Според тоа ќе се оценува уставноста и на одредбата претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности. Со 5 гласа „за“ и 4 „против“, помина иницијативата на адвокатот Ристо Китевски поднесена на 2-ри февруари.
Судиите кои не ја поддржале иницијативата образложиле дека според Уставот, претседателот може да помилува лица согласно законот, па поради тоа не изразиле сомнеж во уставноста на законот.
Доколку Уставниот суд донесе одлука за укинување на законот од 2009-та, во сила ќе биде законот од 1993-та година. Според уставните судии одлуката за укинување може да биде донесена во рок од еден месец.
Инаку, во 2009-та имаше измени на законот од 1993-та година и со тогашните измени претседателот веќе немаше можност да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.
Фиљана Кока
