АХВ: На македонскиот пазар нема небезбедни Марс, Сникерс и Милки веј
24.02.2016 17:05
Според АХВ, во домашниот промет има чоколади од овие брендови увезени од Холандија, но со различен производствен сериски број.

На македонскиот пазар нема небезбедни Марс, Сникерс и Милки веј чоколади со присуство на делови од пластика, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Небезбедната серија, за која беше издадена наредба да се повлече од пазарот во 55 земји, кај нас не е увезена.
Според АХВ, во домашниот промет има чоколади од овие брендови увезени од Холандија, но со различен производствен сериски број.
Од Агенцијата велат, ја следат состојбата и ако има потреба, навремено ќе се реагира.
