Србија испраќа војска на границите

25.02.2016 10:34

За да обезбедиме повисоко ниво на безбедност ќе ја вклучиме и војската, нивна главна задача е да ги штитат границите на Србија, изјави министерот за правда Селаковиќ...

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ најверојатно ќе свика седница на Советот за национална безбедност. Безбедносните служби на соседната земја се во состојба на зголемена готовност, поради мигрантската криза во регионот.

За да обезбедиме повисоко ниво на безбедност ќе ја вклучиме и војската, нивна главна задача е да ги штитат границите на Србија, изјави министерот за правда Селаковиќ, при што ги негираше тврдењата дека Србија ќе дига огради на границите.