Промоција на документарен филм за Радован Павлоски во продукција на МРТ

25.02.2016 10:47

Филмот е во продукција на Македонската телевизија. Работен е по сценарио на Лидија Мешкова, а во режија на Љупчо Стојановски...

На 26-ти февруари во Друштвото на писателите на Македонија со почеток во 12 часот ќе биде промовиран документарниот филм посветен на поетот Радован Павловски, со наслов „Од река до вечноста“.

Филмот е во продукција на Македонската телевизија. Работен е по сценарио на Лидија Мешкова, а во режија на Љупчо Стојановски.