За 24 часа издадени нови 574 потврди за азил

25.02.2016 11:20

Според државјанството, потврди се издадени на 489 државјани на Сирија и на 85 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 574 странски државјани, од кои 201 од машки и 158 од женски пол, како и на 214 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кое патува без придружба на родител, соопшти МВР.

Според државјанството, потврди се издадени на 489 државјани на Сирија и на 85 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 87.036 странски државјани, од кои 34.529 се од машки пол, 19.000 се од женски и 33.298 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 208 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-42.651, Авганистан-26.546 и Ирак-17.836.

Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.