„Марс“: На македонскиот пазар нема од спорните производи
25.02.2016 11:32
Поради безбедносни причини компанијата ги повлекува од промет производите кои се произведени во фабриката во Холандија (Veghel) поради сомневање од појава на пластика во МАРС производите.

Во Mакедонија нема да се повлечат чоколадите „Марс“, „Сникерс“ и „Милки Веј“, бидејќи производите од фабриката во Холандија не се пласирани на македонскиот пазар, соопштува компанијата „Марс“.
Според информацијата од оваа компанија, ова е изолиран случај и ниеден друг тип чоколади или серија на производство не се засегнати со овој случај.
Во пакувањата произведени во холандската фабрика се пронајдени парчиња пластика.
