Помошничка на папата Францис пронајдена мртва

25.02.2016 12:54

34-годишната Мирјам Вулу, асистентката на папата Францис изутрината е најдена мртва во нејзиниот стан, објави британски „Дејли мирор“.

Нова афера во Ватикан. 34-годишната Мирјам Вулу, асистентката на папата Францис изутрината е најдена мртва во нејзиниот стан, објави британски „Дејли мирор“.

Според весникот, помошничката била во седмиот месец од бременоста. Полицијата се уште ги истражува причините за несреќата, но меѓу осомничените е и нејзиниот сопруг за кој има сознанија дека се оженил за државјанство.