Можни терористички напади на автобуски станици во Истанбул

25.02.2016 13:08

Во соопштението, испратено до повеќе државни институции се посочува дека главна цел на нападите би можеле да бидат местата на кои има поголем број луѓе.

Турската полиција предупреди за можни терористички напади на автобуски станици во Истанбул. Во соопштението, испратено до повеќе државни институции се посочува дека  главна  цел на нападите би можеле да бидат местата на кои има поголем број луѓе. 

И австралиската влада издаде предупредување од можни терористички напади, при што им посочи на граѓаните кои патуваат во Индонезија да бидат крајно внимателни, поради сознанијата дека во земјата, односно на островот Бали коj е популарна туристичка дестинација, има дојави за добро организирани напади.