Косово утре избира претседател
25.02.2016 13:53
Во трка се лидерот на Демократската партија и актуелен вицепремиер Хашим Тачи и сопартиецот Рафет Рама. Краен рок за избор е 7-ми март.

Косово утре избира нов шеф на државата. Претседателот на парламентот закажа седница на која ќе се гласа за новиот претседател. За да биде избран кандидатот треба да добие поддршка од најмалку две третини од пратениците, или 80 од 120-те членови на парламентот.
Во трка се лидерот на Демократската партија и актуелен вицепремиер Хашим Тачи и сопартиецот Рафет Рама. Краен рок за избор е 7-ми март.
Претседателот на парламентот Весели ја повика опозицијата да учествува на изборот, опозициското Самоопределување најавува масовни протести.
