Расте бројот на заболени од грип

25.02.2016 13:55

За една недела пријавени се нови 5.040 случаи на заболени– покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје.

Се интензивира сезоната на грип. За една недела пријавени се нови 5.040 случаи на заболени– покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје.

Ова претставува раст од речиси 20 проценти во однос на претходната недела, или за 2,4 пати повеќе во однос на истиот период лани.

Најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години, а во изминатава недела најпогодени биле децата и учениците.

Најголем дел од пријавените случаи се во Струмица, па следуваат Велес, Скопје и Битола.