Мисајловски: Ќе се рехабилитира автопатот Неготино- Демир Капија, инвестиција од 8 милиони евра

25.02.2016 14:23

Подобрената инфраструктура треба да го олесни протокот на стоки и на патници низ Коридорот 10.

На лето почнува реконструкцијата на автопатот Неготино – Демир Капија. Тендерот е објавен, инвестицијата се проценува на 8 милиони евра. Подобрената инфраструктура треба да го олесни протокот на стоки и на патници низ Коридорот 10.

Како Министерство инвестираме во многу инфраструктурни проекти. Пред извесно време го распишавме тендерот за рехабилитација на автопатот од Неготино до Демир Капија. Станува збор за инвестиција од преку 8 милиони евра. До 29 март тендерот завршува, потоа се прави евалуација на сите оние што аплицирале за да ја добијат градбата,  а потоа стартува и самата градба, изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Со ова се почнува со целосна рехабилитација на најлошиот дел од автопатот на Коридорот 10, нагласи Мисајловски. Информира дека исто така се работи на проектот за локалниот пат до Криволак.