Енергетски заштеди кај општините до 50 проценти

25.02.2016 15:24

Дел од општините почнаа со спроведување на мерките за енергетска ефикасност. Заштедите се проценуваат до 30 насто во некои сектори, а во некои и до 50. Во изминативе месеци, осум општини добија 250 илјади евра за оваа намена...

Општините почнаа со спроведување на мерките за енергетска ефикаснот. Со намалување на потрошувачката на енергија, заштедите се проценуваат до 30 проценти во некои сектори и до 50. Осум општини веќе добија 250.000 евра финансиска поддршка за изработка на различни документи за енергетската ефикасност на општините.

Локалните власти имаат законска обврска да изготват тригодишна програма за енергетска ефикасност со која ќе ги дефинираат насоките. Согласно директивите на Унијата во иднина ќе трба и да ја подобрат енергетската ефикасност.

Воведувањето на енергетската ефикасност треба да обезбеди долгорочен економски и одржлив развој, велат од Светска банка.

 

Дијана Ценевска