Несреќа во руски рудник, под земја заробени 90 рудари
25.02.2016 14:46
Евакуацијата е во тек. Засега нема информации дали некој е повреден во оваа несреќа.

Во рудникот за јаглен во градот Воркут на рускиот Арктик денеска се случи несреќа и поради одрони заробени останаа 90 рудари, соопшти регионалниот огранок на руското Министерство за вонредни ситуации.
Евакуацијата е во тек. Засега нема информации дали некој е повреден во оваа несреќа.
Одроните во рудникот се пријавени околу 15 часот по московско време (13 часот според средноевропско време). Можно е во рудникот моментално да се наоѓаат околу 90 луѓе. Во тек е нивно извлекување на површината, соопшти Министерството.
Рудникот Севернаја е во сопственост на рударската компанија „Воркутаугол“.
