Една година затвор за возачот на камионот кој прегази девојче, и двајцата поминале на зелено
25.02.2016 15:43
Вештачењето покажало дека и возачот и девојчето поминале на зелено светло, но кога свртел камионот настанал мртов агол од кој возачот не можел да го види девојчето кое ја минувало улицата.

Една година затвор му изрече Кривичниот суд на возачот на камионот Раде Васакевски кој во октомври минатата година прегази 12-годишно девојче во скопкста населба Хром.
Вештачењето покажало дека и возачот и девојчето поминале на зелено светло, но кога свртел камионот настанал мртов агол од кој возачот не можел да го види девојчето кое ја минувало улицата.
На Васакевски му е изречена минимална казна, а судот му забрани и една година да управува со моторно возило.
