Поднесено обвинение против гинеколог од тетовската болница

25.02.2016 15:45

По настанатото крварење, лекарот не извршил интервенција за да го спречи настанувањето на хеморагичниот шок, туку истата ја извршил со задоцнување кога веќе здравствената состојба на пациентката била сериозно нарушена.

Поднесено е обвинение против гинеколог од тетовска болница за несовесно постапување при давање лекарска помош, поради што е предизвикана смрт.

Во август минатата година, при вршење на царски рез врз пациентка, докторот не ги презел сите неопходни превентивни мерки. По настанатото крварење, лекарот не извршил интервенција за да го спречи настанувањето на хеморагичниот шок, туку истата ја извршил со задоцнување кога веќе здравствената состојба на пациентката била сериозно нарушена.

Поради задоцнетото реагирање, пациентката паднала во кома. Во таква состојба била префрлена во Клинички центар во Скопје, каде што и починала.

Освен обвинението, надлежен јавен обвинител од Тетово до тетовскиот Суд доставил и предлог на гинекологот да му се изрече и казна Забрана за вршење професија – лекар.​