Груевски: На избори решава народот
Тридневна политичка академија на институтот „Павел Шатев“, германскиот „Конрад Аденауер“ и Меѓународниот републикански институт од САД. Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Груевски, реалната политика подразбира носење мудри одлуки, со кои се штитат државните интереси.

Интересите на народот и државата е кодот на нашето однесување. Народот е тој кој одлучува и за нас е најважно мислењето и волјата на народот- изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на отворањето на политичката академија организирана од институтот „Павел Шатев“, „Конрад Аденауер“ и ИРИ. Вели- некои ја имаат деструкцијата за примарна дејност, но, ние ја имаме нашата програма која е темел на нашето дејствување.
„Сметаат дека со тоа што се против избори, вадејќи разно изговори, правдања сметаат дека ќе го одложат соочувањето со народот. Јас би им порачал дека грешат. Ова е време кога народот одлучува. Да народот одлучува на избори и најважна е неговата оценка за тоа каква држава сакаат. Вие таа порака ќе ја добиете и таа порака ќе биде повеќе од јасна. Оваа држава припаѓа на граѓаните“, изјави Груевски.
Она што е добро за државата и за народот треба да е најважно за политичарите. Вистинската политика подразбира носење на мудри одлуки со кои треба да се направи баланс штитејќи ги државните интереси да не се загрози државата и нејзината иднина – рече Груевски.
Според него претстои период на многу напорна работа во кој треба државата да излезе од политичката криза, во која, ја втурна СДСМ.
Миле Ристески
