Грција го повика амбасадорот од Австрија на консултанции

25.02.2016 17:11

Во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи се објаснува дека станува збор за чекор кон зачувувување на добрите односи меѓу Грција и Австрија.

Атина го повика амбасадорот од Виена откако Грција не беше повикана на состанокот на западно- балканската рута посветен на бегалската криза што вчера се одржа во Австрија.

Во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи се објаснува дека станува збор за чекор кон зачувувување на добрите односи меѓу Грција и Австрија.

Денеска БИ-БИ-СИ јави дека Грција го повлекла амбасадорот поради тоа што била гневна на Австрија поради едностраните чекори кои ги презема при справувањето со кризата.

Според британскиот јавен сервис, земјите како што се Македонија, Австрија презеле потези за справување со бегалците во кои не е вклучена Грција.