Ефекти од странските инвестиции

25.02.2016 17:30

Увозот на странските директни инвестиции во земјава што надминал 1,3 милијарди евра е предизвик македонските добавувачи да го развијат бизнисот со нив, за ефектот на субвенцинирани странски компании да биде поголем врз македонската економија – став на дел од аналитичарите по спроведеното истражување во кое се опфатени девет странски инвестиции што вработуваат 9.600 лица...

Странските инвестиции претставуваат можност за домашните компании да ги зголемат испораките на суровини, репроматеријалите и делови во слободните зони. Домашните инвеститори велат- ова е добра можност да го развиеме бизнисот.

„Во Македонија доаѓа нов свеж капитал. Извозот е зголемен за 1,5 милијарди и на некој начин за прв пат е покренат да се намали трговскиот дефицит, вели Саво Станковиќ, сопстевник на компанија во ТИРЗ.

Странските директни инвестиции во слободните зони имале ограничен, но позитивен ефект врз бруто- домашниот период, вели универзитетскиот професор, Сашо Арсов.   

„Секоја земја која има голема потреба од СДИ а сама по себе не е атрактивна мора да понуди некој вид поддршка. Прашањето е нивото- дали да биде повеќе или помалку, повлекува потреба од една кост-бенефит анализа, во смисла дали проектите ги даваат очекуваните резултати“, смета универзитетскиот професор Сашо Арсов.

Институциите треба да бидат потранспарентни во однос на доделувањето на државната помош на инвеститорите- сметаа дел од учесниците во дебатата.

„Во последниве неколку години не постои јавна дебата за која може да се говори за странските директни инвестиции или баш вака наведена тема- субвенциите и влијанието на СДИ“, изјави Кире Наумов, доплнителен заменик-министер за финасии.

Од Агенцијата за странски инвестиции велат дека политиката за субвенционирање дава резултат. Објаснуваат- Македонија е мала држава, а со тоа е и потешко да се убеди некоја странска компанија да инвестира во земјава.

 

Наташа Јанчиќ