Субвенции за подигнување на нови лозови и овошни насади

26.02.2016 10:30

Електронското пријавување за субвенции за нови лозја и овошни насади ќе трае до крајот на овој месец. Земјоделците кои ќе инвестираат во ваквото производство ќе добиваат до 2 милиони и 500 илијади денари...

До 29 февруари лозарите и овоштарите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на нови насади подигнати од 1 октомври до 31 декември 2015 година.

Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и местото на насадите.

Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци со површина од најмалку половина хектар.

Треба да имаат и агрохемиска анализа на почвата и платена водарина и пашарина.

Досега за оваа намена се исплатени повеќе од 1,1 милион евра на  400 земјоделци.

 

Методија Трајков