Во косовскиот парламент гласање за избор на претседател

26.02.2016 10:35

За да биде избран еден од кандидатите треба да добие поддршка од најмалку две третини од пратениците, или 80 од 120-те членови на парламентот.

Во парламентот гласање за избор на нов претседател на Косово. Во трка се лидерот на Демократската партија и актуелен вицепремиер Хашим Тачи и сопартиецот Рафет Рама.

За да биде избран еден од кандидатите треба да добие поддршка од најмалку две третини од пратениците, или 80 од 120-те членови на парламентот.

Краен рок за избор е 7-ми март. Опозицијата најави масовни протести, додека косовската полиција ги зголеми мерките за безбедност.