Дванаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски

26.02.2016 10:42

Делегации и граѓани ќе положат цвеќиња на гробот на Трајковски во Алејата на великаните, на градските гробишта во Бутел, и во Ротимље во Босна и Херцеговина.

Денеска се навршуваат 12 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа во близина на Мостар.

Делегации и граѓани ќе положат цвеќиња на гробот на Трајковски во Алејата на великаните, на градските гробишта во Бутел, и во Ротимље во Босна и Херцеговина.

Комисијата предводена од Омер Кулиќ заклучи дека причината за падот на авионот била „процедурална грешка на пилотската екипа во фаза на слетување на Мостарскиот аеродром, која доведе до тоа авионот да удри во рид“.

Босанското обвинителството, за авионската несреќа не покрена кривична одоговорност.

Во авионската несреќа што се случи на 26-ти февруари 2004 година, загинаа претседателот Трајковски и осумчлената македонска делегација што патуваше на меѓународна конференција во Мостар.