Вооружен инцидент во Канзас, 4 жртви

26.02.2016 11:33

По престрелката со силите за безбедност, тој бил убиен. Според информациите, напаѓачот работел во фабриката.

Четири лица загинаа, а 14-мина се повредени во вооружен инцидент во Канзас.  Полицијата соопшти дека 38- годишниот Лари Форд од автомобил во движење пукал во работници во фабрика за косилици.

По престрелката со силите за безбедност, тој бил убиен. Според информациите, напаѓачот работел во фабриката.

Многу не потресе ова што се случи, нашата фирма е мала и ние бевме како семејство, многу блиски меѓу себе. Денеска се видовме и разговаравме. Се беше во ред, вели еден сведок на настанот.