ИД нападна џамија во Багдад
26.02.2016 11:42
Американскиот претседател Обама по состанокот на Советот за национална безбедност, изјави дека е сигурен оти САД ќе победат во борбата против Исламска држава...

Најмалку 15-мина загинаа а повеќе од 50 се повредени при напади на бомбаши самоубијци во џамија во Багдад. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
Американскиот претседател Обама по состанокот на Советот за национална безбедност, изјави дека е сигурен оти САД ќе победат во борбата против Исламска држава, при што додаде дека клучна улога во нејзиното неутрализирање е прекин на конфликтот во Сирија.
