МВР: За 24 часа издадени 170 потврди за азил
Од почетокот на годинава до вчера издадени се потврди на вкупно 87.206 странски државјани...

Во изминативе 24 часа, издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 170 странски државјани, од кои 59 од машки и 41 од женски пол, како и на 67 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и три деца кои патуваат без придружба на родител, соопшти МВР. Според државјанството, потврди се издадени на 128 државјани на Сирија и на 42 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Од почетокот на годинава до вчера издадени се потврди на вкупно 87.206 странски државјани, од кои 34.588 се од машки пол, 19.041 се од женски и 33.365 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 212 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-42.779, Авганистан-26.546 и Ирак-17.878.
Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда.
