Во Италија уапсен македонски државјанин осомничен за регрутирање џихадисти

26.02.2016 12:17

Полицијата не го соопшти идентитетот, но според информациите уапсениот бил радикален исламист

Италијанската полиција во Венеција уапсила Македонец, кој е осомничен за регрутирање борци за Исламска држава.

Полицијата не го соопшти идентитетот, но според информациите уапсениот бил радикален исламист, а бил дел од истрагата за група луѓе кои потекнуваат од Балканот, а живеат на североистокот на Италија.

Во акцијата се уапсени и неколку босански државјани.