Размена на податоци и заеднички патроли за справување со бегалската криза

26.02.2016 13:05

Размена на податоци, заеднички патроли, борба со криумчарите и обуки за полициските службеници, се дел од мерките што заеднички ќе ги преземаат македонската и грчката полиција за справувањето со мигрантската криза.

На Табановце се уште има околу 600 бегалци од Авганистан. Нема инциденти, велат надлежните. Бегалците ја добиваат потребната помош.

Размена на податоци, заеднички патроли, борба со криумчарите и обуки за полициските службеници, се дел од мерките што заеднички ќе ги преземаат македонската и грчката полиција за справувањето со мигрантската криза.

Грција привремено го запре транспортот на мигранти и бегалци со фериботи од островите за  да го олесни застојот на протокот на бегалци на копното.

На албанската граница со Грција, се засилуваат пограничните патроли. На граничните премини се веќе дојдени бегалци од Сирија, изјави албанскиот министер за интеграција, Клајда Ѓоша.

Се очекува и нова средба на земјите од балканската рута, слична на онаа во Виена, но овој пат и со учество на претставници од Грција и од Германија.