Кампови за 20 илјади мигранти во северна Грција

26.02.2016 15:31

Грчкиот министер за национална одбрана најави дека има намера да отвори дополнителни 20 илјади прифатни места за бегалците во северна Грција за итно справување со кризата...

Пет бегалски кампови се планира да се отворат во северна Грција.

„Грчкиот министер за национална одбрана најави дека има намера да отвори дополнителни 20 илјади прифатни места за бегалците во северна Грција за итно справување со кризата. Комисијата многу внимателно следи што се случува таму во моментов и  подготвени сме да ги употребиме сите начини и методи за да се заврши кризата“, изјави портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто.

Во меѓувреме, и Албанија ја засилува контролата на границата со Грција.