Прилеп: Пронајдени машки труп без идентитет и мртва 64-годишна жена
Полицијата и прилепското обвинителствбо работат на деталите за смртта на двата трупа, машки и женски, синоќа пронајдени на две различни локации во градот. Првично, нема траги на насилство, но се уште е непознат иденитетот на машкиот распаднат труп.

Двата трупа, машки и женски, синоќа пронајдени на различни локации, сѐ уште го привлекуваат вниманието на прилепската јавност. Машкиот труп, распаднат, случајно го пронашле собирачи на пластика покрај Градска Река, кај гаражите на прилепски „Комуналец“, кон периферијата на градот. Таму бил повеќе од еден месец.
„Според првичнат проценка, лицето било починато повеќе од еден месец, било во фаза на распаѓање, изгризано по целото тело, на вратот, главата и на екстремитетите и според очевидците кои го нашле, било покриено со гранки“, вели Гоце Јонзоски, раководител на Службата за итна помош од Прилеп.
Полицијата досега успеа да констатира дека нема траги на насилство на машкиот труп. За идентитетот - ќе се почека на резултатите од земениот ДНК материјал. Во Прилеп последниве месеци немало пријавено исчезнато лице.
„Првично, истрагата покажа дека се работи за лице на возраст од 30-ина години, со висина околу 162 сантиметри, првично, без траги на насилство“, вели Сања Стаматоска, портпарол на СВР Битола.
Речиси истовремено, полицијата, на другата страна од градот, во куќа на улицата „Александар Македонски“ ја пронаоѓа мртвата 64 годишна Лилјана Јанеска. Живеела сама, а дека нешто е сомнително со нејзината тетка, пријавила внуката. Јанеска била мртва 10-ина дена и првично, умрела од срцев удар.
„За починатата Л.Ј. на возраст од 64 години од Прилеп, во текот на денот наредена е обдукција. Првично, знаците покажуваат дека не се работи за траги од насилство“, изјави Стаматоска.
За двата случаи, допрва ќе се утврдуваат деталите за смртта, а за машкиот труп и неговиот идентитет.
Елизабета Митреска
