Реакции по почетокот на преговорите со ЕУ

23.01.2014 15:59

Србија го започна патот кон ЕУ долг 35 поглавја. Почетокот на преговорите доби домашна и меѓународна подршка. Но, конзервативните сили побараа одржување референдум, а Хрватска веднаш во европскиот парламент го постави прашањето за воена оштета од страна Србија. Реакциите во Белград најмногу се однесуваат на економски план...

–Граѓаните сето ова го доживуваат како политички чин. Што се однесува до секојдневниот живот, битно е што граѓаните се судираат со значајни тешкотии. Во Србија се повторува историјата, со вежбањето како да се преживее“-ЃорѓеВлајиќ-Директор на Радио Белград-Прв канал и аналтичар на ББЦ

Признавањето на Косово не е услов, па сепак преговорите почнуваат и завршуваат со ова поглавје-констатира Влајиќ.

„Процесот на нормализација на односите на Белград со Приштина мора да биде завршен со правно обврзувачки документ. Не се сомневам дека Приштина тоа нема да го искористи и да објави дека Србија формално го признала Косово. Исто сум убеден дека Србија тоа ќе го негира“-Ѓорѓе Влајиќ-директор на Радио Белград-Прв канал и аналтичар на ББЦ

Анкетите говорат дека околу 50% граѓани ги подржуваат евроинтеграциите. Но, реакциите се различни.

Очекувањата се дека до 2020 год. Србија ќе ги заврши преговорите и ќе стане членка на ЕУ.

„Доколку нашите браќа и пријатели од Македонија ни побараат помош-секако дека ќе ја добијат“ - изјави Дачиќ во Брисел. Додавајќи дека и самите имаа доволно проблеми.

Оливер Бранковиќ