ЗНМ: Да продолжат разговорите за реформи во медиумите

26.02.2016 17:05

Здружението смета дека ова е важен предуслов за одржување фер и кредибилни избори...

Здружението на новинарите на Македонија апелира, Европската унија и САД, како олеснувачи во процесот на постигнување на Договорот од Пржино, да продолжат да разговараат со политичките партии за реформи во медиумите.

Здружението смета дека ова е важен предуслов за одржување фер и кредибилни избори. Од ЗНМ велат дека најголемата одговорност за отсуството на реформи паѓа на партиите- потписнички на договорот, но и ЕУ и САД имаат важна улога, како гарантори на договорот.