Амфенол го раздвижува кочанското стопанство
Почетокот на работата на американската компанија Амфенол која отвори погон за производство на делови за автомобилската индустрија во Кочани, значи голема инвестиција за Кочанското стопанство.
„Најавуваат 300 дополнителни вработувања уште оваа година, најавуваат проширување понатаму и очекуваме дека ќе бидат постојани“, вели Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.
Производството на конектори и кабли за автомобилската индустрија ќе значи многу за компанијата бидејки од овде, од Македонија ќе се врши извоз и снабдување на европскиот пазар.

„Верувам дека е донесена правилната одлука со оваа инвестиција во Кочани. Се што најавивме сигурен сум дека ќе успееме да исполниме и да ги обезбедиме веќе најавените 1.500 работни места, кои во овој регион се повеќе од потребни. Тука се се случува навистина брзо, нема пречки, и ако се појават веднаш се отстрануваат. Се надевам дека и во иднина ќе можеме да објавиме последователни инвестиции“, вели Џон Тренор-генерален директор на компанијата.
Последната инвестиција значи раздвижување на кочанското стопанство и можност за нови вработувања.
„Многу невработени има, некои ако се вработат одлично ќе биде“, вели жител на Кочани.
„Би требало повеќе да бидат за да се реши проблемот со невработеност, бидејќи Кочани има најголем број на невработени“, вели друг жител на градот.
„Треба да се вработи млад кадар“, истакнува уште еден жител на Кочани.
Инвестициите кои се најавуваат ќе значат можност и Кочанското стопанство да го реши проблемот со невработеноста.
Киро Герасимов