Двајца загинати во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш

27.02.2016 11:17

Според информациите од струмичката итна помош, двете лица животот го загубиле на самото место. Уште едно лице е потешко повредено и е префрлено на хируршкото одделение во болницата во Струмица. Засега нема информации за други повредени.

Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што се случи изутринава во 6 часот и 10 минути на магистралниот пат Струмица-Радовиш меѓу селата Владевци и Радичево.

Според информациите од струмичката итна помош, двете лица животот го загубиле на самото место. Уште едно лице е потешко повредено и е префрлено на хируршкото одделение во болницата во Струмица. Засега нема информации за други повредени, пренесува МИА.

Сообраќајката според првичните сознанија се случила при директен судир на патничко моторно возило пасат со штипски регистарски таблички и камион.

Истражните органи треба да утврдат како дошло до несреќата.

АМСМ информира дека поради сообраќајната несреќа  сообраќајот на патот Струмица – Радовиш е во прекин во двата правца.