Попоски во Женева на сесија на Советот за човекови права на ОН
29.02.2016 09:50
Во своето обраќање Попоски ќе се осврне на позначајните предизвици на светско ниво од областа на човековите права што се однесуваат на системот на работата на Обединетите нации.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Женева ќе учествува на сесијата на Советот за човекови права на Обединетите нации.
Во своето обраќање Попоски ќе се осврне на позначајните предизвици на светско ниво од областа на човековите права што се однесуваат на системот на работата на Обединетите нации.
Притоа, според Министерството за надворешни работи, Попоски треба да оствари и низа билатерални средби.
