Холандски пратеници во посета на Македонија

29.02.2016 09:52

Предвидена е средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски...

Евроинтеграциите ќе бидат главната тема на средбите на холандските пратеници од Комисијата за европски прашања што денеска треба да се одржат во македонското Собрание.

Предвидена е средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, како и со претседателот на Комисијата за европски прашања, Ермира Мехмети.