Меркел: Германија ќе ја застапува политиката на отворени врати за бегалците
29.02.2016 09:57
Во интервју за јавниот сервис А-ЕР-ДЕ, Меркел изјавила дека патот ќе биде тежок, но дека е вистинскиот.

Германската канцеларка Ангела Меркел и натаму тврди дека Германија ќе ја застапува политиката на отворени врати за бегалците.
Во интервју за јавниот сервис А-ЕР-ДЕ, Меркел изјавила дека патот ќе биде тежок, но дека е вистинскиот.
За Грција канцеларката рекла дека не смее да се дозволи земјата да влезе во хаос.
Се боревме Грција да остане во монетарната унија и сега европските земји не смеат да дозволат таа да колабира и сама да го решава проблемот со бегалците, изјавила Меркел.
