Седум експлозии за десет минути во предградие на Дијарбекир
29.02.2016 11:21
Дијарбекир, еден од најголемите градови на југоистокот од Турција беше сцена на бројни судири...

Најмалку седум експлозии во рок од десетина минути оддекнале во предградието Дијарбекир, на југоистокот на Турција, претежно населено со Курди. Експлозиите го потресле предградието Сур, и не е познато што се случило со цивилите и дали има загинати или повредени.
Дијарбекир, еден од најголемите градови на југоистокот од Турција беше сцена на бројни судири откако Анкара во изминатите месеци почна безбедносна операција против борците на Работничката партија на Курдистан.
