Најмалку 40 загинати во два напади на Ал Шабаб во Сомалија

29.02.2016 11:42

Бомбаш-самоубиец се кренал во воздух во ресторан, а вториот напаѓач активирал автомобил- бомба на крстосница во близина на друг ресторан во Бајдоа, на 220 километри западно од главниот град Могадишу.

Најмалку 40 лица загинаа во два напада на исламистичката терористичка група Ал Шабаб во јужниот сомалиски град Бајдоа.

Бомбаш-самоубиец се кренал во воздух во ресторан, а вториот напаѓач активирал автомобил- бомба на крстосница во близина на друг ресторан во Бајдоа, на 220 километри западно од главниот град Могадишу.

Нападите биле извршени два дена по нападот на Ал Шабаб во луксузен хотел во Могадишу, во кој загинаа 22 лица, а ранети беа 40.