Намален бројот на мигранти во Гевгелија, во Идомени над 5.000

29.02.2016 11:29

Околу 500 мигранти од Сирија и Ирак, кои во текот на викендот се затекнаа во кампот, утрово со воз заминаа од Гевгелија кон Табановце, соопштија од ЦУК од каде што потврдија дека и понатаму не се пропуштаат мигрантите од Авганистан.

Во прифатно-транзитниот центар Гевгелија моментно има само околу триесетина новопристигнати мигранти, што значи дека кампот е речиси празен, информираа од гевгелискиот Регионален центар за управување со кризи.

Околу 500 мигранти од Сирија и Ирак, кои во текот на викендот се затекнаа во кампот, утрово со воз заминаа од Гевгелија кон Табановце, соопштија од ЦУК од каде што потврдија дека и понатаму не се пропуштаат мигрантите од Авганистан.

Од спротивната страна на граничниот камен 59 ситуацијата е тензична, но засега се држи под контрола од грчките полицајци, според кои, бројката на собраните мигранти се движи меѓу 5.000 и 7.000 кои чекаат во кампот во Идомени и новоотворениот камп спроти бензинската пумпа во Поликастро.