Средби на холандски пратеници во Собранието
Односите меѓу двете земји се одлични истакна шефот на холандската парламентарна делегација Азмани на средбата на која се разговараше и за бегалската криза и за политичката состојба, при што од холандска страна е искажана поддршка за Република Македонија.

Собранието на Република Македонија е отворено за соработка и зајакнување на севкупните релации, на сите нивоа, со Парламентот на Кралството Холандија. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на средбата со холандските парламентарци ги резимираше заедничките проекти и инвестиции.
Односите меѓу двете земји се одлични истакна шефот на холандската парламентарна делегација Азмани на средбата на која се разговараше и за бегалската криза и за политичката состојба, при што од холандска страна е искажана поддршка за Република Македонија.
Европските интеграции и за можностите за надминување на разликите околу името со Грција биле тема на разговорите со претседателката на Комисијата за европски прашања Ермира Мехмети.
