Расте притисокот врз јужната граница, бегалците се обиделе да го пробијат граничниот кордон
Бројот на бегалците кои се сместени на отворено кај граничниот премин Сеово на грчка страна се зголемува од час на час. Нема пропуштање на македонска страна бидејќи транзитниот центар во Табановце е исполнет, а Србија не пропушта влез на бегалците на нејзина територија.

Се зголемува притисокот врз јужната македонска граница. Бегалците се обиделе да го пробијат заштитниот граничен кордон и да ја урнат оградата кај граничниот камен 59, на македонско- грчката граница.
Бројот на бегалците кои се сместени на отворено кај граничниот премин Сеово на грчка страна се зголемува од час на час при што неофицијално се регистрирани околу 7 илјади бегалци.
Нема пропуштање на македонска страна бидејќи транзитниот центар во Табановце е исполнет, а Србија не пропушта влез на бегалците на нејзина територија.
Се зголемува и територијата на грчка страна по должината на македонската граница каде што се сместуваат бегалците.
Последните информации говорат за отворање камп во спортски објект во Кожани, 100-тина километри јужно од Гевгелија каде што грчките власти сместија 300 бегалци.
