Раст на прометот во трговијата на мало
29.02.2016 13:45
Како што објави Државниот завод за статистика, прометот со непрехранбени продукти, освен гориво, има зголемување за 22,8 отсто...

Прометот во трговијата на мало во јануари годинава во однос на јануари лани бележи пораст во делот со храна, пијалоци и тутун номинално за 8,6, а реално за 8,9 отсто.
Како што објави Државниот завод за статистика, прометот со непрехранбени продукти, освен гориво, има зголемување за 22,8 отсто, а реално за 20,3 отсто и кај трговијата на мало освен трговијата со гориво (номинално за 16,2 отсто, а реално за 15,5 отсто.
