Градежништвото- водечка стопанска гранка

29.02.2016 13:01

Повикувајќи се на последните статистички податоци, од Стопанската комора велат дека градежништвото бележи раст во сите сегменти: ниско и високоградба, инфраструктура, изградба на станови.

Стопанската комора оцени дека градежништвото е водечка стопанска гранка и најголемиот двигател на економијата во земјата. Со најавените владини проекти дополнително ќе се зголеми и економскиот раст и бројот на вработени кој сега изнесува 7,5 насто од вкупниот број работници во земјава.

Повикувајќи се на последните статистички податоци, од Стопанската комора велат дека градежништвото бележи раст во сите сегменти: ниско и високоградба, инфраструктура, изградба на станови.

Зголемен е и уделот во БДП, од 4,9 отсто во 2008 година на 6,4 проценти во 2014-та. Годишно се градат по околу 5.500 до 6.000 станови, а многу малку од нив остануваат непродадени.

Во првите три месеци од 2015 година градежништвото остварило 35,4 милиони денари што е пораст од 11,7 отсто во однос на 2014-та.

Средните и големите компании во формирањето на БДП за градежништвото учествуваат со околу 90 отсто и вработуваат преку 75 проценти од вработените во секторот